Пијан македонски државјанин предизвикал сообраќајка во Вараждин по ремито со Унгарија

од Nikola Popovski
49 прегледи

Според информациите на хрватската полиција, поточно СВР Вараждин, во средата на 15 јануари околу 23.10 часот во градот се случила сообраќајна незгода со материјална штета. Како што пренесуваат тамошните медиуми, 32-годишен државјанин на Македонија го управувал своето возило под дејство на алкохол и се движел по улицата „Браќе Крајански“.

-Пристигнувајќи на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти сите возила кои се движат по тој пат. Поради тоа, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на патничко возило управувано од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница. Во сообраќајната незгода нема повредени, но причинета е материјална штета, велат од полицијата во Вараждин.

Според објавеното, македонскиот државјанин имал 1,13 промили алкохол во крвта.

Несреќата се случила по настапот на македонската ракометна репрезентација во Вараждин на Светското првенство и ремито 27-27 со Унгарија.

Слични содржини