782
„На 05.10.2021 во 20.00 часот на ул.„Даме Груев” во Скопје, за време на одржување на собир на политичка партија, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(63) од Скопје затоа што под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и не почитувал наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.