Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 7.40 часот го привеле Д.Ј.(49) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Полицајците утврдиле дека 49-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,63 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.