Синоќа околу 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од овој град кој со својот автомобил удрил во паркирано возило на улица во градот а при увидот било контатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол.
-На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта, информираат денеска од МВР.
Утрово, пак, околу 03:20 часот по полноќ полицијта на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на село Чифлик, Беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја лишиле од слобода В.К.(23) од Берово.
Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.