Пијаните ѕвезди на ПСЖ на роденденот на Нејмар (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и Бразил, Нејмар го прослави 26-тиот роденден со голема забава, на која присуствуваа негови пријатели, роднини и колеги, како и ВИП гости. Неговиот легендарен сонародник Роналдо, исто така, присуствуваше на прославата на Нејмар во Париз, како и неговата девојка Бруна Маркезине.

Во саботата забавата беше во неговиот дом во Париз, а во неделата забавата беше на топ локација. Најпрво, присуствуваа само неколку од неговите најблиски пријатели со кои Нејмар играше покер.

На забавата дојдоа неговите соиграчи Единсон Кавани, Тиаго Силва, Килијан Мбапе, Кевин Трап, Хатем Бен Арфа, Марко Верати, Анхел Ди Марија, Јулијан Дракслер, Маркињос и Дани Алвеш, сопственикот на клубот Насер Ал Хелаифи, спортскиот директор Антеро Енрике, тренерот Унаи Емери и координаторот Максвел, како и повредениот Габриел Жезус од тимот на Манчестер Сити, Лукас Пиазон од Фулам, Луис Густаво од Марсеј и Тиаго Маја од Лил. На роденденот дојдоа и пејачите Малума и Родригињо, уметници и др.

Во екот на празникот, Нејмар и партнерката Бруна не ги криеја своите чувства и си разменија страсни бакнежи. На забавата присуствуваа речиси 200 гости, од кои 50 дојдоа од Бразил и се сместија во хотели на сметка на играчот.

https://www.youtube.com/watch?v=x3xdQNOChDU

https://www.youtube.com/watch?v=Lk4GOgQufhc

https://www.youtube.com/watch?v=rZYofBFXvrE

CARALHOOOO!❤️ • • • #brumarquezine #brumar #neymar ?❤️

A post shared by Never Ending Love (@worldofbrumar) on

Слични содржини