Пике, Бускетс, Алба и Роберто одбија 40% намалување на платата

од Vladimir Zorba

Барселона доби негативен одговор од своите sвезди да се согласат на 40 проценти пониски плати, со цел Каталонците да го решат проблемот со платниот биланс.

Пике, Бускетс, Жорди Алба и Серхио Роберто ја одбија понудата, па „блауграна“ беше принудена да го испроба истиот систем што го прифати Лео Меси – пониска плата, но и подолгорочен договор.

Спортскиот директор на Барса, Матео Алемани се обидува да преговара за подолгорочни договори со агентите на играчите, но со пониски годишни плати.

Актуелниот договор на Пике истекува кога ќе наполни 37 години, Бускетс и Алба кога ќе наполнат 35 години, додека Роберто ќе има 30 години кога ќе му истече тековниот договор.

Прифаќањето на понудата би значело дека тие ќе останат во Барселона уште подолго, практично до крајот на кариерата.

Слични содржини