Жерар Пике, кој е дете на Барселона, е цврст во намерата да не го менува клубот до крајот на кариерата. Сепак, тој сака да биде стартер по секоја цена.
„Тука ќе го завршам фудбалот, но нема да прифатам да се откажам како резерва“, изјави тој за Ел Паис.
Во зима дефанзивецот ќе наполни 35 години, но има договор за уште две и пол сезони. Тој продолжува да биде клучен играч во шемата на Роналд Куман и е еден од капитените.
Во моментов „блауграна“ се во криза, но Пике е оптимист во позадина на новиот бран млади таленти, кои постепено се засилуваат во првиот тим.
„Новата генерација? Гави, Нико Гонзалес, Педри, Алехандро Балде, Ансу Фати… Ова е генерација која ако добро се развие, ќе може да се бори за сите трофеи во годините што доаѓаат. Оваа генерација е многу слична на мојата“, изјави светскиот шампион.