262
Еден од најважните фудбалери во одбраната на Барселона, Жерард Пике, избегна сериозна повреда синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи (1:1), пренесува „Sport.es“.
На крајот од средбата со неаполитанците, 33-годишниот Пике го повреди левиот глужд и беше заменет. Имаше стравувања дека фудбалерот е сериозно повреден, меѓутоа, според извор, играчот, напуштајќи го стадионот, изјавил дека е во ред и ништо не се заканува на неговото учество во натпреварот против Реал Мадрид в недела.
Големото дерби на шпанскиот фудбал, Реал – Барселона е закажан за 1 март со почеток во 21 часот.