Пике ја напушта Барса, Шакира одбрала нов клуб!

од Vladimir Zorba

Ако им веруваме на одредени шпански медиуми, Барселона ќе загуби еден од своите клучни играчи, Жерард Пике, во текот на летото. Според „Дон Балон“, Пике веќе ги известил Меси и водечките луѓе дека сака да го напушти „Ноу Камп“ по 12 години.

Американската МЛС се наведува како можна следна дестинација.

Иако има договор до 2022 година, 33-годишниот стопер ја донесе својата одлука да си замине откако е во залезот од кариерата, но сепак сака да продолжи да игра фудбал.

Шакира, исто така, наводно се согласила тој да премине во МЛС, каде што Пике треба да игра во амбициозниот Интер Мајами, во сопственост на Дејвид Бекам.

Пике е само еден во низата звучни имиња што Бекам ги сака во неговиот клуб. Како потенцијално засилување се спомнуваат и Давид Силва, Серхио Бускетс, Единсон Кавани итн.

Слични содржини