Пике казнет поради расистички коментари кон Луис Хамилтон

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шампион во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике, е казнет со 950.000 долари поради расистички и хомофобични коментари кон возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, одлучи судот во Бразилија.

Пике (70) е казнет бидејќи во 2021 година употребил навредлив израз коментирајќи го инцидентот меѓу Хамилтон и возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Велика Британија.

Тужбата против Пике ја поднесоа четири здруженија кои се борат за заштита на човековите права.

Пике јавно се извини и рече дека изразот кој го употребил во бразилско португалскиот речник се користи како израз за „момче“ или „личност“, но тоа не го увери судот, кој му изрече висока глоба, а парите ќе бидат донирани за здруженија кои се борат против дискриминација.

Слични содржини