Пике и Шакира дефинитивно се под будното око на јавноста и секој нивни потег се следи. Последниот настан од серијата предизвика многу коментари.
Иако со недели не се видени заедно, Жерар Пике синоќа на Инстаграм сподели селфи со Клара Чија Марти, со која ја изневери поранешната партнерка, пејачката Шакира, со која има два сина.
По вестите за измамата, постојано доаѓаат нови настани и нови наслови. Најкоментиран настан во изминатата недела беше одмаздничката песна на Шакира, но и одговорот на Пике на неа. После тоа, имаше информации дека Клара се држела што подалеку од Пике за да го избегне вниманието на медиумите.
Новата песна во која Шакира зборува за изневерувањето на нејзиниот поранешен сопруг за само два дена на Јутјуб собра над 86 милиони прегледи и го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна во тој период.