КАТАЛОНСКА ТВ3 во емисијата „Onze“ на уредникот и водител Луис Канут, објави информации кои привлекоа големо внимание.
Тој го критикуваше однесувањето на лидерте на тимот во невидената финансиска криза која ја тресе Барселона. Истакна дека капитенот Серхио Бускетс и неговите заменици Жерар Пике и Жорди Алба сè уште имаат огромни годишни надоместоци и по драстичното намалување на платите, со кое се согласија за да помогнат да се спаси клубот од банкрот.
„Onze“ објави дека Пике добивал 28 милиони евра годишно пред намалувањето на платата и дека формално го потпишал намалувањето на платата, но дека сето тоа го надоместил преку бонуси за лојалност. Така, во моментите на најтешката криза во историјата на Барселона, тој „заработува“ на лојалноста на тој клуб.
Следуваше жестока реакција на Пике. Тој на Твитер го објави својот платен список или половина од својата плата во Барселона која изнесува 2.328.884,39 евра. Пике, значи, во Барселона заработува нешто повеќе од 4,65 милиони евра годишно или шест пати помалку од сумата што ТВ3 објави дека ја заработува откако се согласи на големо намалување на платата.
Пике со доказ за платата во статус напиша: „Вакви типови користат јавна телевизија за да шират дезинформации. Еве половина од мојата плата за минатата година, која ја добив на 30 декември. Малку повеќе самопочит“.
ТВ3 објави дека Бускетс по намалувањето заработува 23 милиони евра, Алба и Умтити по 20 евра, Кутињо 16, Тер Штеген 14, а Дембеле и Серхи Роберто по 12 милиони евра годишно.
Барселона одлучно ги демантираше наводите на оваа телевизија за висината на платите на нејзините играчи.