Пике за протечените разговори: Јас само помагав, одлуката беше на Шпанската фудбалска федерација

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Жерар Пике по вчерашните напади се бранеше дека намерно помогнал да се пресели шпанскиот Суперкуп турнир во Саудиска Арабија. Според записите кои ги објави El Confidential, дефанзивецот на Барселона на ова работел со претседателот на федерацијата Луис Рубиалес. Проблемот е што компанијата за спортски настани „Космос“ во сопственост на Пике излезе со договор за кој ќе бидат потребни вкупно 24 милиони евра провизија за шест изданија на натпреварувањето во Ријад.

Светскиот шампион дури разговарал со Рубиалес за опцијата да побара помош од шпанскиот крал Фелипе Шести за да разговара со саудиските власти за да ги убеди да го прифатат турнирот. Впрочем, од 2020 година, натпреварувањето за кое станува збор, навистина се игра на Блискиот Исток.

„Јас само помагав, одлуката целосно беше на Шпанската фудбалска федерација“, објасни Пике во специјален пренос на Твитер. „Од добивката на турнирот од само 120.000 евра, од централата успеаја да „скокнат“ на 40 милиони. Оваа информација е од 2019 година и тогаш не беше новост, но зошто е сега?“

Шпанецот не ги прифаќа обвинувањата дека си обезбедил подобар однос кон Барселона и негативен однос кон Реал Мадрид.

„Дали мислите дека сега судиите ќе и помогнат на Барса, откако јас помогнав на некој начин? Не! El Confidential избра само дел од снимките. Тоа што го направија е гадно. Да не беше промената на форматот на турнирот во Суперкупот, Реал Мадрид немаше ни да учествува. Па кажете ми дали сето тоа е во нивна корист или не“.

Според новиот формат на Суперкупот, за трофејот се борат четири екипи – првата и втората во Ла Лига, како и финалистите за Купот на Шпанија. Пике се осврнува на фактот дека во пролетта 2019 година Реал заврши само трет во Ла Лига и не играше финале за Купот на Шпанија, но сепак беше дел од фајналфорот за Суперкупот во своето пилот издание во Саудиска Арабија во јануари 2020. Тоа се случи откако Барса ја освои титулата во сезоната 2018/19 и стигна до финалето на Купот, ослободувајќи простор за „Лос Меренгес“.

„Дури сум горд што Луис Рубиалес (претседателот на федерацијата) заврши одлична работа. Суперкупот е веќе во Саудиска Арабија, а тоа е добро и за Реал и за Барса, бидејќи имаме навивачи низ целиот свет, не само во Шпанија. Не е невообичаено некој фудбалер да учествува во такви преговори. Ми се допаѓа и ќе продолжам да го правам тоа. Инаку, претседателот Рубиалес веќе поднел тужба за оваа снимка, а јас ќе го направам истото. Тие се обидуваат да го нападнат Руби, не јас. Имаат проблем со тоа. Погледнете зошто финалето на Купот на Шпанија секогаш се игра во Севиља. Веројатно затоа што некој (зборува за Реал Мадрид – н.з.) не сака да го даде своето за еден натпревар. Зошто да не разговараме за тоа“, праша Пике.

Слични содржини