Пикфорд под полициска истрага поради тепачка во паб

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Голманот на Англија и на Евертон, Џордан Пикфорд е под полициска истрага поради тепачка во паб, пренесува британскиот таблоид „Сан“.

Немилиот инцидент се случил во еден паб во Саут Тајнсајд, кога група луѓе кои излегле таму почнале да се потсмеваат на голманот на Евертон, што ги налутило неговите пријатели.

Не се познати точните детали од тепачката, но се знае дека едно лице со скршен нос излегло од пабот, додека на друго телефонот бил целосно искршен.

Не е познато дали самиот Пикфорд бил актерот во тепачката, но јасно е дека се нашол во ситуација која не му одговара и дека може да извлече лоши последици од сето ова.

Следниот натпревар Евертон го игра во сабота во Саутемптон и ќе видиме дали ќе бидат во составот.

Слични содржини