Пикот е пред нас, масовната имунизација започнува наскоро

од Берта Китинска
371 прегледи

Бројот на починати секојдневно се зголемува. Во статистиките изминативе денови се почесто се забележуваат млади лица кои умираат по компликации со коронавирусот.

Министерот Филипче во своето гостување на Сител додаде изјави дека следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата.

-Некаде веќе има умерено намалување а некаде се уште не и тоа  го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче.

Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.

Тој додаде дека имунизацијата ќе започне во среда и дека се спремаат пунктовите и Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.

Вчера во земјава пристигнаа вакцините на „АстраЗенека“ и „Спутник V“.

Со нив в среда ќе започне имунизацијата на грашаните, односно приоритет ќе имаат лица над 75 години и хронично болни, како што најави Филипче.

Здравствените власти најавија дека до крајот на апри ќе пристигнат дополнителни 76.000 дози вакцини против Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

Слични содржини