Пилингот за тело е важен: Како да го применувате во домашни услови?

од Elena Daskalova
516 прегледи

Пилингот за тело треба да биде редовен дел од вашата нега, а исто така и на лицето. Но, многу се ретки оние кои навистина правилно го практикуваат.

Освен што ја чисти кожата длабински и ги ослободува порите од нечистотии, пилингот стимулира и природно создавање на колаген и може да има и антицелулитно дејство. Со отворањето на порите, создава идеални услови средствата за нега да навлезат подлабоко во кожата, а со тоа и длабински да делуваат.

Ако имате сува кожа, применувајте пилинг еднаш неделно, додека кај нормална и масна кожа можете и по двапати. Секогаш избирајте го соодветен на вашиот тип на кожа.

Од кафе можете да направите антицелулитен пилинг, со тоа што ќе измешате половина шолја мелено кафе и кокосово масло. Нанесувајте го со кружни движења.

Пилингот од кафеав шеќер ќе ја подобри циркулацијата, а ефектот е подобар ако измешате кокосово или масло од јојоба.

Пилингот од морска сол има антибактериско дејство. Солта можете да ја измешате со гелот за туширање. Бидете особено внимателни бидејќи се работи за груб пилинг што не одговара на чувствителната кожа.

Слични содржини