Британската група “Пинк Флојд” ќе пушти на плоча нечуена досега целосна верзија на инструменталното парче Interstellar Overdrive, дел од нивниот деби албум од 1966 година.
Рилизот на композицијата со времетраење 14 минути и 57 секудни ќе види бел свет на 15 април, а винилот ќе оди во пакет со постер и картичка во A6 формат со слика на бандата во текот на нивната работа на нивниот деби сингл “Арнолд Лејн”.
Во меѓувреме легендите на “Пинк Флојд” Роџер Вотерс и Ник Мејсон открија дека се упатуваат кон сцената на Фестивалот во Гластонбери, но не заедно.