Поп ѕвездата Пинк вети дека половина милион долари ќе ги донира на локалните пожарникари кои се борат со пожарите во Австралија.
I am totally devastated watching what is happening in Australia right now with the horrific bushfires. I am pledging a donation of $500,000 directly to the local fire services that are battling so hard on the frontlines. My heart goes out to our friends and family in Oz ❤️ pic.twitter.com/kyjDbhoXpp
— P!nk (@Pink) January 4, 2020
„Потполно сум очајна гледајќи што моментално се случува во Австралија со ужасните пожари. Ветувам донација во износ од 500.000 долари дирекно на локалните пожарникари кои јуначки се борат. Моето срце се со нашите пријатели и семејства во Австралија“, напишала Пинк на социјалните мрежи.
Во пожарите кои последниве неколку месеци ја зафатија Австралија, досега загинале 23 лица. Смртоносните пожари веќе запалиле околу 5 милиони хектари земјиште и уништиле повече од 1.500 домови.