Почетна / Сцена / Пинк во писмо откри што мисли за својот изглед и ги воодушеви обожавателите

Пинк во писмо откри што мисли за својот изглед и ги воодушеви обожавателите

Пејачката Пинк во септември минатата година го прослави својот 40 роденден, а цело ова време остана доследна до самата себе. Иако естетските зафати станаа скоро очекувани и пожелни во светот на познатите, пејачката и понатаму цврсто ги одбива.

Поттикната од тоа, одлучила да си напише писмо, до самата себе. Како што откри на Твитер, сака нејзините деца „да ја гледаат како достојно старее“ и сака да им биде пример.

„Драга моја, старееш. Гледам брчки. Особено кога ќе се насмееш. Твојот нос станува се поголем. Изгледаш (и се чувствуваш) чудно додека не се навикнеш на таа нова реалност“, искрено напишала.

Но, признала дека и самата размислувала за промени.

„Некогаш размислуваш за менување на својот изглед, а тогаш гледаш некоја емисија и сакаш да видиш како таа личност се чувствува, но нејзиното лице не се мрда… Не можам да поминам преку тоа, едноставно не можам“, истакнала Пинк и додала дека сака нејзините деца да знаат како изгледа кога е лута.

Како што рекла, таа е среќна што никогаш не зависела од тоа како изгледа.

„Одлучив дека мојот талент и мојата индивидуалност е многу поважни од моето лице“, заклучила.

Нејзината објава воодушеви многу, а обожавателите брзо заклучиле дека „таа една од ретките уметници кои се подеднакво убави и надвор и внатре“.

loading...