Регионалниот музички натпревар „Пинкови Ѕвездички“ ја започна својата втора сезона. Ако во првата нашиот Трајче Ѓоргиев го освои регионот, со сигурност тврдиме деке овојпат успехот е загарантиран за малата стружанка Елена Бимбилоска.15 годишната Елена ја испеа „Hurt“ од Кристина Агилера и го маѓепса петчленото жири.

Гоца Тржан додека траеше изведбата даваше аплауз, а на крајот искоментира: „Ова е тој театар кој ни треба. За првпат ја слушам оваа песна интерпретирана на овој начин кој премногу ми се допадна. Симнувам капа. Секоја чест“. Милан Станковиќ и посочи дека е родена за пејачка , а за Хари, Елена ја имаше најдобрата изведба на вечерта.

И другите членови од жирито, Леонтина Вукомановиќ и Јелена Томашевиќ за неа зборуваа со одушевување и поделија само позитивни коментари.