Социјалната мрежа за размена на слики, идеи и инспирации “Пинтерест” веќе ќе им овозможува на луѓето да идентификуваат производи од дадена слика и да откриваат каде можат да си ги купат.
Новата опција помага дури да го видиш саканиот производ во целокупната слика.
На пример, ако сликаш ѕиден часовник, “Пинтерест” ти нуди внатрешни решенија кои те инспирираат.
Тест верзија на “Ленс” (леќи, објектив) им овозможува на луѓето и да прават слики со смартфоните, а потоа преку “визуелно пребарување” да наоѓаат или слични производи, или инспирација за нивната примена, а зошто не и нив самите на онлајн пазарот.
За последното социјалната мрежа нуди и уште едно иновација – Shop the look ( “Купете си го производот”). Со селектирање на даден предмет од сликата (како облека или мебел) секој може да ја открие онлајн продавницата за купување.
“Понекогаш забележуваш нешто што ти се чини интересно, но кога се обидуваш да го побараш подоцна во интернет просторот, не успеваш”, вели креаторот на “Пинтерест” Еван Шарп.