Пиоли: Пристигна одлучувачкиот момент во сезоната, мораме да ја исполниме нашата цел

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е убеден дека неговиот тим има класа да ја исфрли Славија Прага и да се пласира во четвртфиналето на Лига Европа. Италијанскиот гигант има два гола предност по успехот од 4-2 во првиот осминафинален натпревар и е фаворит за реваншот во Прага.

„Дојде решавачкиот момент од сезоната. Нивните квалитети. Тие изгубија само еднаш дома цела сезона, но ние сакаме да продолжиме понатаму и уверени сме дека имаме квалитет да ја завршиме работата. Нема потреба од преголем притисок, ниту можеме да си дозволиме да бидеме премногу самозадоволни. Мораме да ja играме нашаta игра со висок пресинг, што е важно особено во Европа каде што се соочувате со навистина добри тимови, добри во нападот и одбраната“, изјави Пиоли пред новинарите.

„Мораме да бидеме свесни за фактот дека на 11 спрема 11 нашите противници ни зададоа проблеми на првиот натпревар. Искрено мислам дека ќе ја сменат шемата од првиот натпревар, иако добро се снајдоа во првите 30 минути пред црвениот картон, но сега треба да надополнат негатива од два гола“, додаде Пиоли.

Слични содржини