Пипа Мидлтон се радува за претстојната свадба со Џејмс Метјуз во мај, но колку повеќе се приближува најавениот датум, толку повеќе идната невеста е загрижена дека некоја друга може да ја засени по убавина на овој важен за неа ден.
Излегува дека Пипа не ја сака на свадбата и вереницата на братот на својот младоженец Метјуз – Вог Вилијамс. Проблемот е во тоа што Вилијамс е телевизиска водителка и модел со илјадници фанови во Instagram. На страницата во социјалната мрежа често се појавуваат фотографии на кои таа е во долна облека и ја демонстрира својата одлична фигура.
“Јасно е дека Пипа не сака во таков важен ден да се натпреварува за убавина со телевизиски ѕвезди”, соопштил извор близок до семејството пред The Sun и додал: – Пипа смета дека односите на Вог и Спенсер се уште премногу скори, едвај неколку месеци и уште е рано девојката да биде претставена официјално пред семејството. Но сите се во шок, бидејќи Спенсер е нејзин иден роднина. ”
Деновиве стана јасно дека Пипа не сака на свадбата и друга ѕвезда – Меган Маркел, љубената на принцот Хари. Причината е иста – страв да не го привлече вниманието врз себе.
Меган навистина не добила покана за прославата, бидејќи Пипа имала правило “нема прстен – нема партнер”. Значи таа поканила само парови кои официјално се или ќе бидат во брак.
Пипа Мидлтон и Џејмс Метјуз се заедно неколку години. Предлогот за брак таа го доби минатото лето со додаток брилијантен прстен во вредност од 200 илјади фунти.
Свадбата е закажана за 20 мај. Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе бидат исто така на свадбата – 3-годишниот принцот Џорџ ќе биде девер, а принцезата Шарлот ќе биде деверуша.