Пипл: Ова е најзгодниот маж за 2019 година

322 прегледи

Телентираниот американски пејач и актер Џон Леџенд, по избор на списанието People, е најсекси маж во 2019 година, но како што и сам кажува, не е сигурен дали ќе успее да живее со таква ласкава титула.

View this post on Instagram

Wow. Thank you, @People. #SexiestManAlive

A post shared by John Legend (@johnlegend) on

Леџенд е во среќен брак со манекенката Криси Тајгн со која има две деца и е прв афроамериканец кој за својата уметничка работа е награден со Еми, Греми, Оскар и Тони.

„Кога ја слушнав веста бев многу возбуден, но истовремено и помалку уплашен бидејќи тоа е голем притисок“, рекол Џон за People.

Леџенд во моментов е еден од членовите на жирито на популарната американска емисија „The Voice“, освоил 10 Греми награди за деби албумот од 2004 година „Get Lifted“ и за песната „Ordinary People“.
Добитник е и на Оскар за песната „Glory“ од филмот „Selma“, награда Тони за копродукција на бродвејската претстава „Jitney“ и Еми за продукција и тв адаптација на мјузиклот „Jesus Christ Superstar“ во кој и самиот го глумел Исус.

Слични содржини