Пирц Мусар на средбата со Макрон ја истакна важноста на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Двајцата лидери ги потврдија одличните билатерални односи и разговараа за економската соработка, а изразија задоволство од соработката во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа неговата реформа.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Наташа Пирц Мусар

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денес, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, ја истакна важноста на проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан, соопшти нејзиниот кабинет.

Макрон е во прва официјална посета на Словенија, јавува СТА.

Двајцата лидери ги потврдија одличните билатерални односи и разговараа за економската соработка, а изразија задоволство од соработката во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа неговата реформа.