„Пирели“ го менува дизајнот на предните гуми за 2023 година

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Официјалниот добавувач на гуми во Формула 1 – „Пирели“ планира да направи неколку промени во дизајнот на предните гуми за почетокот на сезоната 2023. Нивната цел ќе биде да го елиминираат подуправувањето што го трпат сите болиди од воведувањето на новите правила претходно оваа година.

Најчесто се јавува во бавните свиоци, каде што поголемата тежина на болидите ги прави поинертни, што не им дозволува на возачите да бидат прецизни колку што сакаат. Еден од најголемите критичари на ова е светскиот шампион Макс Верстапен, кој претпочита автомобил со попрецизен преден дел.

Расчистувањето на подуправувањето ќе се врши со зајакнување на конструкцијата на предните гуми, а ќе стане слично на дизајнот на задниот дел.

„Веќе идентификувавме подобрувања што треба да се направат следната година. Минатата година немавме шанса да ги тестираме новите гуми со новите болиди, туку користевме „мазги“ кои беа различни. Сега имаме подобра идеја што точно се бара од гумите: да го подобриме предниот дел, особено затоа што имаме многу силни задни гуми и тоа генерира подуправување при мали брзини“, изјави шефот на „Пирели“, Марио Исола.

„Мулињата“ користат аеродинамички пакети од 2021 година и немаше начин да се симулира ефектот на „вшмукување“. Она што го научивме од новите пакети е дека тие генерираат многу поголема компресија при големи брзини и помалку при мали брзини. Затоа билансот е малку поинаков“, додаде Италијанецот.