Компанијата “Пирели” го претстави својот нов календар за 2017 година, во кој учествува плејада од холивудските ѕвезди.
Различнотото оваа година е дека кадрите со познатите дами не се обработени со фотошоп. Елегантните црно-бели фотографии се снимени од познатиот моден фотограф Петер Линдберг.
Тој снима некои од ѕвездите без шминка, нарекувајќи ги сите фотосесии како “крик против теророт на совршенството и младоста”.
Робин Рајт во кадар од календарот.
Меѓу ѕвездите кои оваа година ќе ги красат страниците на календарот, се Хелен Мирен, Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Џулијан Мур, Лупита Нионго, Леа Седу, Ума Турман, Шарлот Рамплинг и други.
Џулијан Мур исто така е една од ѕвездите на календарот на Пирели.
“Нема убавина без вистина. Целото ова претворање на човек во нешто што не е, не може да биде убаво. Едноставно е смешно “, рече Линдберг за разбирањето на убавината и нејзиното претставување. Оваа година фотографот не се фокусира врз телата – што беше карактеристично за календарите на “Пирели” во минатото, туку на лицата.
“Она што е поважно од голите делови на телото, е тоа човек да се покаже навистина таков каков што е”, додаде тој.
Никол Кидман позираше за календарот.
Меѓу 15-те модели на овогодинешниот календар има ѕвезди на возраст од 28 до 71 година.
Сите фотографии видете ги во галеријата:
Видеото од снимањето на календарот можете да го погледнете тука: