Пирло кон Меси: Без трофеј од Светското, никогаш нема да си поголем од Марадона

од Vladimir Zorba

Легендата на Италија, Андреа Пирло зборуваше за претстојното светско првенство во фудбал во Русија, а акцент даде на големата ѕвезда на Барселона и Аргентина – Лионел Меси.

„За Меси и Аргентина ќе биде подеднакво важно да го освојат купот во Русија. Меси секогаш е споредуван со Марадона, но мора да стане светски шампион. Без Купот, неможе да се нареди до најголемите во историјата“, изјави Пирло пред Goal. com.

„Аргентина имаше време да ги најде вистинските играчи за Светското и според мене ќе се справи добро, и покрај тешкиот пораз од Шпанија. Аргентина има доста добри играчи и ако играат на висина на задачата, тимот ќе се претстави добро“.

„Бразил е мојот фаворит на првенството, бидејќи тоа е најконцентрираниот тим. Омилениот мој англиски репрезентативец е Хари Кејн. Тој е навистина добар и моќен, постигнува толку многу голови во последните години и сигурно е еден од фудбалерите кои ќе ги следам со интерес на светското“.

„Италија не успеа да се пласира и јас нема да поддржувам ниту еден друг тим. Ќе ги гледам сите натпревари, но нема да поддржувам ниту еден учесник“, додаде Андреа.

Слични содржини