400
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја одби понудата на клубот да го води младиот тим (до 23 години) следната сезона, објави италијанскиот весник „Газета дело спорт“.
Пирло го презеде Јувентус оваа сезона, што е негово прво тренерско искуство во кариерата, но не се справи со тоа, па Старата дама остана без шампионската титула по девет години.
Јувентус бара нов тренер, а Пирло ја отфрли идејата за стекнување дополнително искуство во младиот тим.
Остануваат уште две кола до крајот на Серија А, Јувентус во сабота ќе го пречека новиот шампион Интер, додека во последното коло гостува кај Болоња и сака да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.