На 12.03.2020 околу 03.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ настанал пожар при што биле опожарени три возила, и тоа: „ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот