Пирошки со шунка и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– три јајца
– две и пол лажици масло
– 2 дл млеко
– коцка квасец
– една лажичка сол
– 1/2 кг брашно
– 200 гр презла
– 200 гр шунка
– 200 гр кашкавал
– масло

Подготовка:

Растворете го квасецот во малку млеко и замесете го тестото од остатокот од млекото, брашното, маслото, едно цело јајце и две жолчки. Белките од две јајца ќе ги искористите за валкање на пирошките. Посолете и размесете веднаш.

Тестото исечете го на кругови со дијаметар од околу 10 см. За ова можете да користите поголема шолја или нешто слично.

Во средината на круговите тесто ставете шунка и кашкавал и завиткајте ги во ролати. Сами ќе одлучите колку ќе ставите – за да не испадне филот.

Изматете ја белката и со неа премачкајте ги пирошките, а потоа прелијте ги со презлата. Се оставаат околу 20 минути да нараснат пирошките, па се пржат на врело масло.

Слични содржини