Пирошки со сланина и кашкавал

од desk2
447 прегледи

Подгответе вкусни пирошки со сланина и кашкавал.

Состојки:

150 грама брашно

200 грама чадена сланина

120 грама пире од компири во прав

100 грама маргарин

400 мл вода

2 јајца

150 грама кашкавал

Презла, магдонос и сол

Подготовка:

Во тенџере на оган ставете ја водата да зоврие заедно со маргаринот и малку сол. Кога водата ке зоврие додадете го пирето во прав, мешајте со лажица и откако сместа ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган и оставете пирето да се излади. Во изладеното пире ставете ситно исецкана сланина и магдонос, се добро измешајте и смесата поделете ја на 10 еднакви дела.

Во секој дел посебно ставете парче кашкавал и со рацете формирајте ги пирошките во вид на мали ролати. Вака формираните пирошки извалкајте ги во брашно, во јајца и во презла. Пирошките пржете ги на умерена температура на загреано масло. Откако ќе се испржат од сите страни и ќе добијат убава златно жолта боја, готовите пирошки извадете ги на хартија за да го впијат вишокот на мрснотија. Послужете ги додека се топли.