Пирс Броснан неутешен по смртта на Џејмс Кан: „Секој ден работеше и покрај болката“

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Пред два дена ја добивме тажната вест дека почина легендарниот Џејмс Каан, кого сите го паметиме по улогата на Сони од трилогијата „Кум“. Зборови на поддршка за семејството и тага за изгубениот великан постојано се слеваат, а меѓу последните кои се простија од него беше Пирс Броснан, кој сподели фотографии од неодамнешното снимање на филмот, во кој заедно играат.

Кан глумеше речиси до последниот ден од својот живот, а снимањето на филмот, кој за жал ќе му биде последен, заврши пред неколку недели.

Тој го сними трилерот „Fast Charlie“ со поранешниот Бонд – Пирс Броснан, а и покрај тоа што очигледно беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка, тој напорно работеше до последен момент.

Меѓу последните колеги кои се простија од Џејмс Кан е и Пирс Броснан, кој на социјалните мрежи сподели фотографии од снимањето на филмот и покажа како поминале неговите последни моменти со големиот актер.

„Збогум Џими. Многу се смеевме во текот на тие пет дена во Њу Орлеанс. Ти беше инспирација за мене како млад актер, а уште повеќе како човек кој те гледа како работиш секој ден со голема физичка болка и непријатност. Се вложи во актерската уметност до самиот крај. Моето срце чувствува длабока тага поради твоето заминување“, рече Броснан со заедничките фотографии со Кан и додаде: „Секогаш ќе го негувам споменот за тебе. Почивај во мир, засекогаш во светлината“.

Слични содржини