Пирс Броснан: Килијан Марфи одлично би се снашол како Џејмс Бонд

од Vladimir Zorba
694 прегледи

Поранешниот агент на 007, Пирс Броснан, е на мислење дека актерот номиниран за Оскар, Килијан Марфи совршено би ја одиграл улогата на Џејмс Бонд, пренесуваат светските медиуми.

„Килијан брилијантно би се снашол како иден Џејмс Бонд во филмот за Тајната служба на неговото височество“, рече Броснан.

Тој зборуваше на годишните награди „Оскар Вајлд“, кои се доделуваат во Лос Анџелес во чест на талентирани уметници со ирско потекло.

Марфи, кој исто така присуствуваше на настанот во Санта Моника, е фаворит за освојување на наградата за најдобар актер на 96-тото доделување на Оскарите во неделата за неговата главна улога во филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан.

Објасни дека не слушнал никакви гласини за идниот Бонд, а исто така откри дека навистина не размислувал за евентуално да добие Оскар.

„Само сакам да одам на церемонијата и убаво да се забавувам“, сподели актерот.

Што се однесува до Броснан, актерот призна дека е „многу почестен“ што ја добил наградата „Оскар Вајлд“ за доживотен придонес во филмската и телевизиската индустрија.

Други почести оваа година им припаднаа на ирскиот мајстор за визуелни ефекти Ричард Бајнум и ирско-американската актерка и комичарка Моли Шенон.

Слични содржини