Македонските писатели масовно креваат глас за спас на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Божин Павловски, Кица Колбе, Ферид Мухиќ, Глигор Стојковски, Никола Маџиров, Милош Линдро, Паско Кузман, Анастасија Ѓурчинова, Јовица Ивановски, Ванчо Полазарески, Владе Димовски, Владо Јаневски, Дејан Трајковски, Љупчо Силјановски, Наум Попески, Мирјана Стојановска, Марина Мијаковска, Будимка Поповска, Ана Пејчинова и Марта Маркоска. И овие членови на ДПМ застааа зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во македонската писателска асоцијација.
– Ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 година (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот, нагласуваат писателите во реакцијата и јавниот повик.
Тие упатуваат јасна порака дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. И се едногласни дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото, кои се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница.
Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Санде Стојчевски, Зоран Анчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Братислав Ташковски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Гоце Ристовски, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Елизабета Јончиќ, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Владимир Јанковски, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Сузана В. Спасовска, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Александра Јуруковска, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Мерсиха Исмајлоска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Ана Бунтеска, Иван Антоновски, Михајло Свидерски, Смиле Наумоски Брсјак и Никола Илијовски.