Писателот и продуцент на „Симпсонови“ почина од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Писателот и продуцент на популарната анимирана серија „Симпсонови“, која е десет пати номинирана за наградата Еми, Марк Вилмор почина на 57-годишна возраст, откако разви компликации од инфекција со коронавирус.

Оваа информација беше потврдена на Твитер од постариот брат на Вилмор и колега, комичарот Лери Вилмор.

„Мојот сладок сладок брат, Марк Едвард Вилмор, почина синоќа борејќи се со КОВИД и другите здравствени состојби кои го мачеа со години. Мојот брат беше најљубезен, најнежен, најсмешен, лав и ангел што сум ги познавал. Те сакам помал брату“, напиша Лери.

Слични содржини