Томас Оберајтер, Постојаниот претставник на Австрија во Брисел, кој поднесе оставка откако во австриските медиуми беше објавено дека водел еротски блог кој содржел бројни сексистички пораки, спорните објави ги пишувал и во работно време и на работното место
Неговата оставка беше прифатена од австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер.
Како што наведува „Политико“, Оберајтер понудил оставка без оглед на тоа што тврдењата за овој скандал ги нарече „недокажани обвинувања“.
Според наводите во австриските медиуми, 59-годишникот, кој беше австриски амбасадор во ЕУ од 2023 година, на блогот пишувал експлицитни објави, од кои некои се опишани како сексистички. Некои од објавите на сега избришаниот блог биле еротски фантазии напишани од перспектива на жените.
Се тврди дека Оберајтер објавите ги пишувал и во неговото работно време и на неговото работно место, според геолокациските податоци.
Сепак, вреди да се истакне дека официјално не е потврдено кој е автор на овие објави, но, според Дер Стандард, Оберајтер одлучил да поднесе оставка за да не предизвика „меѓународен срам“ за Австрија.
Тој во дипломатијата повеќе од 30 години, а едно време беше шеф на кабинетот на поранешниот министер за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.