ПИСМО-БОМБА пристигнало и за шпанскиот премиер

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Шпанија во четвртокот го информираше националниот суд дека на 24 ноември се случил прием на плико со карактеристики слични на оние откриени во последните неколку часа.

Пратката содржела „пиротехнички материјал“ и била упатена до премиерот Педро Санчез, соопшти министерството, пренесува „Ел Паис“.

Да потсетиме, шпанските безбедносни сили пронајдоа трета сомнителна експлозивна направа скриена во пликот на писмо испратено до сателитскиот центар на Европската унија лоциран во воздухопловната база во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид, соопшти денеска шпанското министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека по скенирањето на пликото, обезбедувањето на воздухопловните сили утврдило дека во него има експлозивна направа.

Слични содржини