Писмо од клубот „Ванчо Михајлов“ до странските амбасади: „Заштитете ги Бугарите во Македонија“

од Nikola Popovski
255 прегледи

Од клубот на Бугарите „Ванчо Михаилов“ во Битола испратиле писмо до сите странски амбасади во Македонија во врска со палењето на влезната врата на објектот.

-Како што веројатно знаете, пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола – клубот „Иван Михаилов“ беше полиен со бензин и запален. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера нагло тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика и ние македонските Бугари. Но еве оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од вас – нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин. Тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија, стои во писмото потпишано од претседателот на клубот, Љубчо Георгиевски.

Во писмото се додава дека „ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес“.

-Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ. Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија?! Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани, се додава во писмото.

Од клубот потенцираат дека „не се бугарски државјани“.

-Ние сме меѓу стотиците илјади кои се сеќаваат на нивното вистинско потекло и историја. Ќе останеме верни на аманетот на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов. И нема да се плашиме од пироманите што праќаат против нас. Ве молиме, господине амбасадоре, како претставник на земја од европското семејство, во кое сакаме да се приклучи нашата татковина, да го заштитите нашиот бугарски народ во Северна Македонија од омразата што ја диктира владата и насилството што таа го роди, стои во заклучокот од писмото од клубот на Бугарите во земјава, „Ванчо Михајлов“.

Слични содржини