Масовниот судир меѓу навивачите на Хајдук, групата Торцида и хрватската полиција го запрепасти целиот регион.
Да потсетиме, во судирот хрватската полиција, како што беше соопштено, била принудена да пука, поради што четири лица биле пренесени во болница. Исто така, повредени се уште 35 лица, додека 43 се уапсени. Инцидентот настанал по натпреварот Динамо – Хајдук кој се одигра во Загреб во неделата.
Пресметките меѓу двете навивачки групи почнале уште пред натпреварот, а бројните видеа објавени на социјалните мрежи потврдуваат дека во Загреб имало повеќе тепачки. Судирот со полицијата, сепак, се случил по натпреварот, на автопат во близина на главниот град на Хрватска.
Во морето реакции во јавноста во центарот на вниманието се најде пораката на една мајка на член на Торцида. Таа жестоко ја критикувала полицијата, но и хрватската јавност, која најголем дел од вината за срамниот инцидент ја префрли на навивачите на Хајдук.
„Денес цел ден се зборува за насилството на Торцида, а никој не спомна ни збор дека истата таа Торцида прва извади бремени жени и бебиња од Петровата болница по земјотресот во Загреб ниту дека меѓу првите пристигнаа во Петриње за да им помогнат на сиромашните и беспомошни луѓе, без да прашаат кој е динамовец или кој од која националност“, навела таа на почетокот.
Мајката истакнала дека е професорка по литература и дека многу добро слуша што некој зборува и уште подобро го толкува кажаното.
„Ја гледав полициската прес-конференција. Висок функционер во полицијата рече дека тие биле асистенти на организаторите на натпреварот… Во исто време ме растажи млакото соопштение на Хајдук, која не ја заштити својата младост. Се разбира, за мене беше несфатливо што ниту еден паметен човек не очекуваше полицијата да признае дека ги пречекорува своите овластувања, но ниту еден од новинарите не се надоврза на изјавата дека полицијата ја спроведувала одлуката на организаторите. Тоа не ми е јасно“, напишала мајката на навивач на Хајдук, а потоа ја споменала 1990 година.
„Сите се сеќаваме на натпреварот помеѓу Хајдук и Партизан на Пољуд на 26 септември 1990 година. Гореше југословенското знаме. Југословенските полицијаци не пукаа кон Хрватите. Вчера хрватските полицајци пукаа во момчиња од Сплит. Истото видео е пуштено неколку пати: млад човек мирно се приближи до автомобилот, полицаец го удри со пендрек по грбот, а кога момчето седнало, дополнителен друг полицаец го удри со нога. Никој не го коментира тоа“, се вели во писмото.
Croatia. 21.05.2022
Dinamo Zagreb – Hajduk Split.After the match, there was a massive fight between Torcida and police on the A1 motorway between Zagreb and Split, when around 1,600 Hajduk fans were returning home. The police shot 2 hooligans. Their lives are not in danger. pic.twitter.com/ugnvOPYNna
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) May 22, 2022
Фото: PIXSELL