128
Очекуваме РС Македонија да ги заврши уставните измени, со цел да продолжат со преговорите за пристапување во Европската унија.
Ова го изјавила портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, пренесе БГНЕС.
„Северна Македонија е во првата фаза од преговорите, скрининг. Непречено се движи, а очекуваме да биде готов околу оваа есен. Следниот чекор што го очекуваме е уставните промени што земјата треба да ги направи ако сака да продолжи со пристапните преговори“, рече Писонеро.
РС Македонија мора да ги вклучи Бугарите во својот устав. Ова е еден од клучните услови на францускиот предлог и само по неговото спроведување Скопје може да ги започне преговорите за влез во Европската унија, потсетува БГНЕС.