Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги отфрли повиците за поголема германска воена помош за Украина.
„Не можеме да одиме „на сè“, како што бараат некои. Во спротивно, би биле беспомошни“, изјави Писториус за Тагешпигел.
Тој истакна дека Германија досега испорачала се што е можно и дека Германија веќе и дава на Украина најмногу од сите земји на ЕУ, а сега останува на другите европски партнери да направат повеќе, пишува Велт.