316
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус денеска изјави дека предусловите за влез на Украина во НАТО може да се дефинираат само по завршувањето на војната.
„Најважно за Украина е да победи. Условите за завршување на војната за агресија, која е спротивна на меѓународното право, можат да ги утврдат само Украинците. Ќе ја поддржуваме Украина се додека е неопходно да се одбрани од бруталниот руски напад“, изјави Писториус во интервју за полскиот весник „Речпосполита“.
На прашањето зошто Берлин е повнимателен за членството на Украина од повеќето членки на НАТО, германскиот министер рече дека претставниците на Киев ќе добијат рамноправно место на масата на претстојниот самит во Вилнус.