Пита од тиква

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Состојки:

– 120 гр путер

– 50 гр шеќер

– 1 јајце

– 1 лажичка кисела павлака

– сол

Полнење:

– 400 гр тиква

– 150 гр шеќер

– 3 јајца

– 125 мл слатка павлака

Подготовка:

Тиквата исечкајте ја на коцки. Во поголем сад ставете вода, ставете ја исечената тиква, па варете ја околу 15 минути или додека тиквата не омекне.

Откако ќе се свари, исцедете ја тиквата и испасирајте ја со миксер или во блендер.

Во садот во кој ќе го замесите тестото ставете го брашното. Во брашното додадете сол и шеќер.

Исечете го путерот на ленти, ставете го во брашното и издробете го со прстите. Бидете брзи за да не се стопи путерот премногу.

Во смесата од брашно, путер, шеќер и сол додадете јајце и лажичка павлака, а потоа со рацете нежно измешајте ги сите состојки и замесете мазно тесто.

Топката од тесто обликувајте ја со раце, завиткајте ја во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер 45 минути.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Откако ќе се олади тестото ставете го на површина посипана со брашно, па развлечете го.

Тестото без фил ставете го во загреаната рерна и печете околу 10 минути или додека тестото не порумени.

Полнење:

Јајцата и шеќерот се матат со миксер додека не се удвои волуменот на јајцата и смесата не добие светло жолта боја.

Измешајте ја слатката павлака во тиквата, а потоа полека измешајте ги изматените јајца со шеќер во добиената смеса.

Повторно вклучете ја рерната на 180 степени. Истурете го филот во изладеното тесто и печете ја питата околу 40 минути.

Слични содржини