383
Лесна за подготовка, а одлична како појадок за носење.
Состојки:
– 6-8 компири
– 2 моркови
– 1 тиквичка
– 1 главица кромид
– 4 јајца
– 120 гр брашно (30 гр пченично, 20 гр палента)
– 120 мл масло
– сол, бибер
Подготовка:
Компирите изрендајте ги на покрупно ренде, како и тиквичките и морковите. Сè убаво соединете, додадете ги јајцата, маслото, ситно сечканиот кромид и зачинете по вкус со сол и бибер.
Тестото истурете го во калап обложен со хартија за печење или само премачкајте го со масло и печете го во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути додека не добие фина златно/кафена боја.