Пита со печурки и компири

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Состојки:

(за 4 лица)

– 500 гр готови кори за пита

– 450 гр свежи печурки

– 1 кг компири

– 1 китка млад кромид

– 1 средна главица кромид

– 150 мл минерална вода

– 150 мл млеко

– зачини: сол, бибер, лук во прав

– маслиново масло

Подготовка:

Измијте ги и исчистете ги шампињоните, исечете ги на мали парчиња.

На маслиново масло пропржете млад кромид и кромид, додадете исечени шампињони.

Намалете ја температурата и динстајте со повремено мешање додека не испари течноста од нив. Додадете сол и лук во прав.

Излупете ги компирите и изрендајте ги. Додадете сол, бибер и сè добро измешајте.

Измешајте маслиново масло и минерална вода во шолја од 200 мл.

На подмачкан плех наредете две кори, посипете ги со две лажици мешавина од маслиново масло и минерална вода, па додадете рендан компир во тенок слој.

Над коромпирот намачкајте две лажици од филот со печурки. Повторете го процесот додека не ги потрошите корите. Последните две кори оставете ги за крај, со нив покријте ја питата.

Исечете ја по желба, па прелијте со преостанатата смеса од маслиново масло и минерална вода.

Ставете ја во рерна загреана на 200 степени и печете додека не порумени, околу 35 минути.

Извадете ја питата и прелијте ја со 150 мл топло млеко. Вратете во рерна уште пет минути.

Слични содржини