Пита со шумско овошје

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Овошна крцкава пита во која ќе уживате.

Состојки:

– 6 листови готови кори за пита (средни, не тенки)

– 400 гр шумско овошје

– 1 чаша (2dcl) шеќер

– 2 јајца

– 1/2 чаша гриз

1/2 чаша масло

– 1/2 чаша јогурт

– малку сода бикарбона

– шеќер во прав

Подготовка:

Одмрзнете го овошјето.

Со миксер се матат јајцата, шеќерот, гризот, јогуртот, маслото и малку сода бикарбона.

Се земаат три кори, на секоја се премачкува од филот (околу пет лажици), а на последната на едниот крај се распоредува овошјето и се витка.

Направете го истото и со преостанатите три кори.

Намачкајте ја тавата и питата со малку масло, ставете ја во рерна на 220 степени првите 10-15 минути, а потоа намалете ја температурата на 190 степени и печете уште 15 минути.

Извадете и премачкајте со многу малку вода и масло и оставете да се излади.

Питата не треба да се покрива за кората да остане крцкава.

По желба посипете ја питата со шеќер во прав.

Слични содржини