Пита со сливи и ореви

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Крцкава пита со сливи и ореви.

Состојки:

Тесто:

– 200 гр пченично брашно

– 100 гр пченкарно брашно

– 80 гр путер

– 1 јајце

– 1 жолчка од јајце

– прстофат сол

Полнење:

– 400 гр сливи

– 100 гр шеќер

– 100 гр сечкани ореви

– 20 гр мелени бисквити

– 3 жолчки

– цимет

– шеќер во прав

Подготовка:

Измијте ги сливите, исечете ги на половина, извадете ги семките и исечете ги на кришки.

Ставете ги во сад и посипете ги со шеќер во прав и цимет, покријте ги со фолија и оставете ги да отстојат околу еден час.

Тесто: во сад ставете ги двата вида брашно, додадете прстофат сол, омекнат путер и жолчка од јајце, а потоа едно цело јајце.

Замесете тесто, завиткајте го во фолија и оставете го да отстои половина час на ладно.

Тестото развлечете го тенко и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Скршете ги бисквитите и посипете ги преку тестото, исцедете ги сливите и наредете ги врз бисквитите.

Измешајте ги жолчките со шеќер додека не посветлат, додадете ситно сечкани ореви, убаво измешајте и прелијте ги по сливите.

Печете околу 40 минути на 180 степени.

Слични содржини