Потребни состојки:
- 500 гр. кори за пита
- 300 гр. урда
- 100-150 гр. измиен и исчистен спанаќ
- 2 јајца
- сол и црн пипер
За преливот:
- 5 лажици кисело млеко
- 2 јајца
- 1 лажичка сув квасец или половина коцка свеж квасец
Начин на подготовка:
Во тавата во која ќе ја правите питата наредете половина од корите, така што помеѓу секоја од нив ќе премачкате со масло за јадење. Кога првата половина од корите ќе ја потрошите ставете го филот со урда и спанаќ.
Подготовка на филот:
Во сад ставете ја урдата, спанаќот и 2 јајца , посолете и ставете мелен црн пипер. Сите состојки измешајте ги заедно. Кога ќе го ставите филот и ќе го распределите низ целата тава, редете ја втората половина од корите, исто така премачкувајќи со масло за јадење помеѓу секоја кора.
На крајот кога ќе ги наредите сите кори ставете го преливот, а тој подгответе така што во сад ќе ги измешате киселото млеко, квасецот и 2 јајца. Оставете околу 10 минути квасецот да се активира.
Печете на 200 степени околу 40-тина минути или додека не почне да добива убава златнокафена боја. По потреба намалете ја температурата на 150 степени.