Најдолгата пица во светот беше испечена во американскиот град Фонтана, Калифорнија, соопштија светските агенции. Должината на кулинарското дело е 2090 метри. При поставувањето на рекордот учествуваа неколку десетици готвачи. Тие почнаа со готвењето во 7 часот вечерта и завршија наутро следниот ден. Спонзор беше основачот на печката за пици Фаш Асвади кој ги обезбеди потребните состојки – сирење сос и брашно. 
Кулинарското достигнување беше регистрирано од страна на претставник на Гинисовата книга на рекорди, кој присуствуваше на подготовката. На учесниците на конкурсот им беше забрането да го фрлаат јадењето. Целата останата храна беше донирана на потребите на луѓето.
Претходниот рекорд за најдолга пица беше од мај 2016 година Тогаш готвачи од Неапол испекоа 1854-метарска пица.
За подготовка и беа потребни над 2 илјади килограми брашно, 1,6 илјади килограми домати, 2 илјади килограми сирење моцарела, 200 литри маслиново масло и 30 килограми босилек. Рекорд за најдолга пица беше одбележан и во 2015 година во Милано.